Во Мала Речица, вечерва во меѓусебна престрелка меѓу две групи животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени. Причините за настанатата престрелка во моментов се непознати и претстои нивно расветлување, соопшто Обвинителството.
– Во организирана акција на обвинителството и Министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени од слобода. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место заедно со екипа на Министерството за внатрешни работи. Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место кои ќе бидат вештачени. Издадена е и наредба за анализа на ДНК профили, за обдукција на починатото лице, како и за земање на парафински ракавиц – велат од Обвинителството.
Дејствијата на Основното јавно обвинителство Тетово продолжуваат во континуитет се до целосно расветлување на настанот.