Албанија со закон ќе забрани излез од земјата од 5 до 10 години за изборен криминал

729

Албанскиот Парламент утре по итна постапка ќе донесе закон со кој се предвидува забрана за излез од земјата од пет до десет годни, за секој кој ќе направи изборно кривично дело.

Ова денесека го најави премиерот Еди Рама на изборна средба со граѓани на административната единица бр.1 во Тирана, како предупредување до опозицијата и нејзините приврзаници кои зачестија со напади на просториите каде се сместени изборните комисии и изборниот материјал.

– Предлог-законот е поготвен и тој утре ќе биде изгласан во Парламентот. Секому кој ќе изврши изборен криминал нема да му биде дозволено излез од земјата од пет до10 години. Сето ова што се случува е страв од правосудните реформи кој владее меѓу опозицијата. Жал ми е за оние кои ги следат нивните пораки. Одат во затвор за Лули (Љуљзим Баша) и гатачката на филџан ( Моника Круемади). Ги поттикнуваат луѓето да влезат во неволја а тие спијат во своите домови – изјави Рама.

Во меѓувреме тензична ситуација е забележана во Бурел, каде приврзаниците на опозицијата насилно го одземале изборниот материјал и го запалиле. Во помош на локалната полиција била повиката едницата за брза интервенција, а бил употребен и солзавец. Тензична е ситуацијата и во Клос и Малакастра.

Од друга страна опозициската Демократска партија ја обвини полицијата дека „со целосно непочитување на законот“ применила сила и со солзавец ги нападнала функционерите од општина Бурел, кои „ја спроведуваат уредбата на Претседателот на Републиката за одложување на изборите“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...