Наип Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва во Малата Речица е убиено, неофицијално информира весникот на албански јазик КОХА, а рането било уште едно лице исто така од Куманово. Според она што е досега познато, непознати лица кои биле во два различни автомобили, застанале на улица и почнале пресметка со огнено оружје.
Весникот пишува дека жртвите биле застрелани на излегување од штабот на ДУИ. Тие се уптаиле кон главниот пат каде што настанало и убиството на кое му претходела групна тепачка во која според информациите на весникот се користеле и ножеви. Ситуацијата ексалирала кога учесниците во инџидентот посегнале по оружјето.
Според Коха сеуште не се знае точниот број на повредени. Неофицијалните извори на весникот велат дека судирот бил помеѓу две ривалски политички групи од Куманово.
Како што веќе објави Плусинфо, висок функционер на ДУИ ни потврди дека престрелката била помеѓу членови на ДУИ од Куманово, но како што рече, за страра семејна расправија.