Поларната мечка се појави во рускиот индустриски град Норилск во северниот дел на Сибир, што е 800 километри од нејзиното живеалиште, пишува Ројтерс.
На фотографии споделени на социјалните мрежи се гледа женка мечка, исцрпена и можеби болна, како шета во градот во потрага по храна.
Мечката се движи под надзор на полициски службеници. Се очекува животното да биде прегледано од стручни служби.
Ова е прва поларна мечка која го посетува градот во последниве 40 години.