Општина Аеродром ќе го преиспита договорот со приватна маркетинг агенција со која градоначалникот Златко Марин, склучи договор вреден 73.000 евра за да ги информира аеродромци што ќе сработи за нив.
„Иницијалната потреба за зајакнување на капацитетите за информирање и едукација на граѓаните ќе биде преиспитана исклучиво врз точно одредување на јавниот интерес и критериумите за одговорни јавни комуникации. Тоа значи одговорно трошење на парите на граѓаните, економичност и рационалност, интегритет во јавните комуникации преку отворено, транспарентно, објективно и релевантно комуницирање со граѓаните“, соопшти општината, која најави дека ќе ги извести граѓаните за следните чекори.