Преку пругата во Лопате ќе се вози глатко

155

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, Железници во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта во целост го реконструираа патниот премин на регионалниот пат Куманово-Опае-Липково, кај селото Лопате, кој беше значително оштетен и претставуваше сериозен проблем за поминување на патничките возила.

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура изврши демонтажа на постоечките гумени елементи, чистење на загадената засторна призма, дополна на толчаник, машинско регулирање на колосекот и повторно монтирање на гумените елементи со нивно нивелирање и вклопување кон нивелетата на асфалтната подлога, додека Јавното претпријатие за државни патишта изврши асфалтирање на патот помеѓу колосеците.

Со преземените активности ќе се овозможи побезбеден и поквалитетен сообраќај на патничките возила преку патниот премин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...