Заклучокот на Советот на министри е апсолутна гаранција, октомври ќе биде октомври и нема да биде подоцна, ниту една земја не е против Северна Македонија, а преговорите со ЕУ ќе почнат во декември, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање поврзано со неофицијалните информации дека седум членки на Европската унија биле против датум за преговори со Македонија и Албанија.
Наводно против биле Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија.
– Јас немам такви информации. На министерскиот совет написмено добивме правно формална гаранција дека не подоцна од октомври ќе добиеме датум за почеток на преговорите. Нема можност да се донесе ваква одлука без сите земји да бидат согласни што значи дека има консензуална одлука – вели Заев кој истакна дека заклучокот е сериозна порака и апсолутна гаранција која, како што додаде му била неопходна, а и на сите граѓани.
– Разбирам дека имаше избори за Европскиот парламент и дека на секој парламент му е потребно соодветно време за доставување материјали за да ги разгледаат и да донесат одлука. Го разбирам Бундестагот и другитте парламенти за оваа работа, но важно беше да добиеме заклучок кој е сериозна гаранција за сите нас. Верувам дека утре или задутре ќе биде потврден и од Европскиот совет и октомври да биде октомври – рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Тој посочи дека сите позитивно се изјасниле за Република Северна Македонија, имаме безусловена препорака, 100-процентно блескав извештај, целосно завршување на таргетот за реформите што го добивме, реализирани се Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија,….
– Нашите очекувања се до декември да се отворат поглавјата и да почнат преговорите со ЕУ. Подобра гаранција за нас ќе беше доколку датумот се случеше во јуни, но ваквиот заклучок гарантира дека тоа ќе се случи во октомври и верувам дека тоа е порака за сите нас сериозно да работиме и да продолжиме со реформите за унапредување на севкупните перформанси на нашата земја – рече Заев.
Тој додаде дека донесувањето на Законот за Јавно обвинителство не се става како услов од ЕУ, но додаде дека оттаму ни порачуваат дека е добро за државата да го донесеме. -Апелирам да се донесе законот. Верувам дека ќе се направи обид во текот на летото Парлементот да донесе позитивна одлука. Стојам на располагање да ги продолжам процесите на разговори, рече Заев.
Според него, доколку паралментите на сите земји-членки на НАТО стигнат до декември со ратификацијата на приоистапниот протокол и регистрирањето во Вашингтон ќе следи историска година за земјава, бидејќи ќе се исполнат двете стратешки цели – полноправно членство во НАТО и добивање датум за преговори со ЕУ после чекање од 15 години.
Според неофицијалните информации наводно само дванаесет членки на Советот на министри биле за преговори со Македонија: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Италија, Словенија, Хрватска, Белгија, Романија Естонија, Латвија, Литванија.
Ова го објави поранешниот министер за надорешни работи Антонио Милошоски на твитер кој вели дека при гласањето во ЕУ Советот, Грција била воздржана.