Две лица се повредени во инцидентот кој попладнево околу 18.20 часот се случил во селото Мала Речица, потврдува портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за Плусинфо.
Според првичните информации со кои располага МВР, повредените лица со прострелни рани, се пренесени во тетовската клиничка болница. Едно од повредените лица починало.
Ангеловски додава дека во врска со случајот приведени се две лица, но повеќе детали се уште не се откриваат.
Од партијата на Али Ахмети за Плусинфо брифираат дека станува збор за пресметка на членови на ДУИ од Куманово за стара семејна расправија.