Во полициската станица Центар вчера бил приведен Ирец поради непристојно однесување во кафеана.
– В.М.С.(31) од Република Ирска е приведен поради тоа што во угостителски објект на „Кеј 13-ти Ноември“ го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување, ги вознемирувал присутните гости, а агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои излегле на местото на настанот.
По целосно докуменитрање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.