Болни над 18 години можат да побараат евтаназија во австралиската држава Викторија

Ендрјус рече дека законот можат да го користат 12 лица оваа година, а потоа и до 150 годишно. 

84

Во австралиската држава Викторија денеска стапи во сила Законот за евтаназија, кој ќе им овозможи на пациентите во терминална фаза да го завршат животот со смртоносна комбинација на лекови.

Викторија е првата австралиска држава во која евтаназијата е озаконета.

Потпомогнато самоубиство е нелегално во повеќето земји. Во Австралија, беше забрането до 2017 година кога Викторија го усвои контроверзниот закон.

Даниел Ендрјус, премиер на Викторија, поборник на таа мерка откако неговиот татко починал во 2016 година, вели дека законот им дава на пациентите „достоинствен избор на крајот на нивниот живот“ и оти тоа требало да се направи.

Според законот, евтаназијата ќе им биде овозможена на пациенти во терминална фаза постари од 18 години, кои живеат во Викторија и на кои им останува помалку од шест месеци живот или една година за заболените од мултиплекс склероза и други невромоторички болести.

Ендрјус рече дека законот можат да го користат 12 лица оваа година, а потоа и до 150 годишно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...