Ердоган: Морси не почина од природна смрт

296
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави оти не верува дека поранешниот египетски претседател Мохамед Морси починал од природна смрт.

Ердоган тоа го кажа во џамија во Истанбул, во која се собраа стотици луѓе да се помолат за починатиот Морси, првиот демократски избран претседател на Египет, кој беше соборен со воен удар во 2013 година.

– Мохамед Морси отиде кај Бога за време на судењето. Дали тоа беше нормално заминување или тука беа вклучени некои други причини, тоа е нешто што треба да се разгледа.Не верувам дека тоа била природна смрт – рече турскиот претседател.

Морси почина во понеделникот за време на судењето, а вчера беше погребан во Каиро.

Тој почина од срцев удар откако се онесвести за време на судењето под обвинение за шпионажа.

Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права повика покренување независна истрага за смртта на Морси, нагласувајќи дека тоа би требало да ги опфати сите аспекти на неговото лекување за период од речиси шест години поминати во притвор.

ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...