Историска заплена на кокаин во Филаделфија, 16 тони дрога во брод

Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Источниот округ на Пенсилванија. Членови на екипажот на бродот се уапсени и се соочуваат со федерално обвинение, а истрагата е во тек, објави канцеларијата на Твитер.

148

Во една од најголемите заплени на кокаин во историјата на САД, во акција на пристаниште во Филаделфија, американските власти открија 16,5 тони (15 метрички тони) од таа дрога во товарен брод „МСЦ Гајан“. Покренати се федерални обвиненија против двајца морнари, кои признале дека помогнале во товарење на кокаинот на бродот додека бил на море.

Според судски документи, обвинети се Иван Ѓурашевиќ и Фонофаве Тиасаге. Федерални агенти откриле дека тие го истоварале кокаинот од 14 чамци.

Американските федерални власти запленија на пристаништето во Филаделфија кокаин, чија улична вредност се проценува на повеќе од една милијарда долари, објави претходно на Твитер канцеларијата на државниот обвинител за Источниот округ на Пенсилванија.

– Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Источниот округ на Пенсилванија. Членови на екипажот на бродот се уапсени и се соочуваат со федерално обвинение, а истрагата е во тек, објави канцеларијата на Твитер.

Инспекторите веруваат дека кокаинот е префрлен на товарниот брод „МСЦ Гајан“ на Бахамите или откако го напуштил пристаништето на тие острови.

Се наведува дека бродот во САД пристигнал од Чиле, преку Панама и Бахами.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...