Што се коментира во грчката влада за заклучоците на ЕУ за Македонија, Албанија и Турција?

525
ФОТО: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Советот не само што го поздравува Договорот од Преспа, туку ја истакнува и важноста на неговото спроведување, а со тоа ЕУ добива улога во следењето на верната имплементација, коментираат грчки владини извори за вчерашните заклучоци на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија во однос на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Советот за првпат, не само што го поздравува како историски Договорот од Преспа, потенцирајќи ја неговата важност за интегративниот процес на Северна Македонија, туку ја истакнува и важноста на неговото спроведување. На овој начин ЕУ добива улога во следењето на верната имплементација на Договорот од Преспа – коментираат грчките владини извори.

Во однос на Турција, истите извори велат дека ЕУ за прв пат одлучува за мерки за Анкара „за прекршување на меѓународното право и конкретно за активностите во кипарската ексклузивна економска зона“.

За Албанија, грчките владини извори коментираат дека „за прв пат Советот официјално го поставува заштитата на правата на сопственост и правото на самоопределување, како критериуми за пристапниот процес“.

ФОТО: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...