Димовски: Да потпишеш договор како од Нивици и да добиеш само тапшање и убави зборови од ЕУ е промашена стратегија

1613

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на својот Твитер профил објави статус во врска со одбивањето на Македонија за отпочнување на преговори со ЕУ.

– Да потпишеш договор како оној од Нивици и за возврат да добиеш само тапшање и неколку убави зборови од ЕУ (што и беше причина за договорот и референдумот) е доволна причина да признаеш промашена стратегија. Лани ни одложија за една година, годинава – за пола – напиша Димовски.

A во следниот пост на Твитер Димовски открива и дека е оптимист за во октомври годинава, но и дека ЕУ ѝ удри шамар на Владата…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...