Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, склучи договор со маркетинг агенција вреден 73.000 евра за да ги информира аеродромци што ќе сработи за нив. Но и да ги едуцира за одговорно граѓанско однесување, пренесува Tелевизијата 24 Вести.
Договорот е склучен минатата недела. А имиџот на градоначалникот и општината ќе го гради агенцијата „МККАН“. Иако на веб страницата на Аеродром стои дека за односи со јавност се задолжени 7 лица, од Аеродром велат дека имаат тројца. Тие нема да добијат отказ, туку им бил потребен како што велат „дополнител стручен сервис, оти општината продолжува да работи со голем интензитет и има обемна програма.“
„Програмата е обемна и опфаќа активности и проекти од повеќе области. Општинската администрација е задолжена за реализација на програмата, додека улогата на професионалната маркетиншка агенција е преку нивните креативни, стратешки и експертски услуги да овозможи дополнителна поддршка за уште поефикасно креирање, организирање, информирање, презентирање и вклучување на граѓаните во сите тие активности, проекти и акции.“ – одговорија од Општина Аеродром.
Повеќе на 24 вести.