Едно лице тешко повредено во тепачка меѓу навивачите на Звезда и Партизан

297

Меѓу навивачите на Црвена звезда и Партизан денеска изби тепачка во близина на белградската населба Аутокоманда пред натпреварите против Земун, односно Борец.

Околу 16 часот, еден час пред почетокот на натпреварите, во тепачката меѓу навивачите на белградските фудбалски клубови еден заврши во болница со тешки повреди.

Навивачот имал видливи исеченици на рацете и стомакот од голем нож или мачета, како и рани на главата.

Тој со Итна помош бил пренесен на реанимација.

Тепачката меѓу навивачите се случи и покрај големата концентрација на полициски сили распоредени во близина на двата стадиона, бидејќи Црвена звезда и Партизан играа како домаќини во ист термин од 17 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...