Камионите од Западен Балкан минуваат 10 пати подолго време на границите

144

Компаниите од земјите на Западен Балкан минуваат 10 пати подолго време на граничните премини што значи шест пати поголеми трошоци за извоз. Тие се соочуваат и со отворени прашања во однос на примената на европските прописи и стандарди, а прилагодувањето на нивното работење кон овие нормативи е потенцијална можност за дополнителни проблеми.

За надминување на ваквите предизвици, во рамки на Самитот за Западен Балкан што ќе се одржи идниот месец во Познањ, Полска, предвидено е воспоставување бизнис платформа меѓу Коморскиот инвестициски форум и институциите на ЕУ (КИС-ЕУ).

– Платформата практично ќе значи дијалог меѓу бизнис-секторот од Западен Балкан и релевантните чинители на ЕУ кој, не само што ќе помогне да се изнајдат административни, регулаторни и политички решенија, туку ќе овозможи и компаниите подобро да ги разберат законите на ЕУ. Целта е и поддршка за полесна интеграција на единствениот пазар – истакна Татјана Штерјова од Стопанската комора.

Штерјова на прес-конференција напомена дека меѓу проблемите кои го усложнуваат функционирањето на фирмите од Западен Балкан е и помалата достапност на информации, како и ограничениот пристап до алтернативните начини на финансирање, посебно кога се работи за малите и средни претпријатија.

Според Кристоф Призлуцки од Агенцијата за трговија и инвестиции на Полска, КИС-ЕУ платформата ќе биде основана на бизнис форумот што исто така ќе се одржи во рамки на Самитот за Западен Балкан.

– Енергетиката, информатичките технологии, прехранбената индустрија и агротехниката ќе бидат во фокусот, но форумот останува отворен и за останатите сектори. Тоа ќе биде одлична можност за македонските компании да остварат контакти и да воспостават соработка, па дури и партнерства со фирми од ЕУ – истакна Призлуцки.

Мотото на бизнис форумот во Познањ ќе биде „Растеме заедно“ и на него, освен компании од земјите на Западен Балкан ќе учествуваат и претставници на деловните заедници од Австрија, Бугарија, Хрватска, Германија,…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...