Како што пишува весникот, станува збор за бизнис соработник на Јовановиќ, 42-годишниот Ш.Н., неговата мајка Ш.Д. и тетката П.М. Убиецот наводно пред да ги убие се изживувал врз нив.
Дека има врска меѓу трите лица и Јовановиќ, се посомневал неговиот татко.
– Телата во лоша состојба се извлечени од водата. На нив се гледаат знаци на насилна смрт. Обдукцијата ќе покаже кога се убиени и со каков предмет – рекле од истрагата.
Три лица се уапсени поради помагање во тројното убиство. Уапсени се М.С. (1988) поради сомнение дека извршил кривично дело тешко убиство во сооучество, Л.Д. (1997) тешко убиство со помагање и Н.Ќ. (1999) кој се сомничи за кривично дело помош на сторителите после извршеното кривично дело, соопшти српското МВР.
Постои сомнение дека мотив за убиството е паричен долг.
На М.С., Л.Д. и Н.Ќ. им е одредено задржување од 48 часа, после што ќе бидат изнесени во Вишото јавно обвинителство во Белград.