Невремето проследено со град што синоќа го зафати Кавадаречко, направи штети кај лозјата на патот кон Тиквешко Езеро, потврди Драган Николов, советник во подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.
– Штети и до педесет проценти се регистрирани во месностите „Ума“ и „Шамаци“, оштетени се околу 60 хектари земјоделска површина. Таму виновите лози биле зафатени со град со големина на лешник, кој интензивно паѓал околу 15 минути – информира Николов.
До сите оштетени лозари, тој упати совет да ги заштитат своите лозови насади со бакарни препарати, веднаш штом се создадат услови за тоа.