Привремено згрижени две семејства до социјален ризик од Крива Паланка

120

Две семејства од социјално ранливи категории од Крива Паланка кои живееја во дел од опожарени бараки на влезот на општината, беа времено дислоцирани и згрижени до изнаоѓање трајно решение, информираат од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

– Семејствата се со ранливи лица, едното е седумчлено семејство, со пет деца, од кои едно е со пречки во развојот, додека другото лице е само, со хронична болест и е примател на еднократен паричен надоместок. Сите осум лица се времено згрижени и овозможени им се основни услови за живеење, до изнаоѓање соодветно трајно решение. Една до опциите е обезебдување место во зградата со социјални станови во градот – вели градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Тој ја посети локацијата од која опожарените бараки беа отстранети, расчистен е теренот од страна на екипи на Јавно претпријатие „Комуналец“ и се планира доуредување на локалитетот кој се наоѓа на самиот влез во општината, кај клучката со магистралнито пат А2, Куманово-Крива Паланка-граничен премин Деве Баир.

– Работиме на изнаоѓање модус да се уреди овој локалитет, да се постави урбана опрема, но и во преговори со странски донатори сме за обезбедување донацијана нови, посовремени бараки во кои ќе може да домуваат ранливи категории лица – додава Мицевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...