На островот Галапагос, кое со своето богатство на животински и растителен свет го фасцинираше своевремено Чарлс Дарвин и неговата теорија за еволуцијата , САД планираат да стационираат воени авиони за да го искористат аеродромот Сан Кристобал, јави вечерва телевизија Канал 5.
Еквадор, на чија територија е Галапагос , се согласил на ваквата понуда на САД , а според министерот за одбрана на оваа земја, воените авиони на САД ќе се користат во борбата против шверцот на дрога.
Договорот на Еквадор со САД предивика голема загриженост кај научната заедница и меѓу активистите за заштита на животната средина.
Галапагос се наоѓа речиси илјада километри западно од Еквадор и претставува заштитено приридно богатство од УНЕСКО. Поради единствениот збир на растителни и животнински видови, островот се смета за жив музеј на еволуцијата.