Шеќеринска, не се споредувајте веќе со ДПМНЕ, си правите штета!

Со овој тренд, во 2020-та ќе ни се случи 2006-та: ДПМНЕ нема да освои спектакуларно многу гласови, ама вие ќе имате катастрофално малку.

3416

Ја слушав Шеќеринска десет минути (толку максимално можам да ја издржам), ама доволно за да знам дека повторно кажала оти „имаат подобри резултати од ВМРО-ДПМНЕ“.

Еден ПР-совет за министерката (иако има доволно „експерти“ околу себе):

Немојте веќе да се споредувате со ДПМНЕ. Секое такво нешто оди на ваша штета. Не затоа што искажаното не е вистина, туку затоа што помина моментот кога граѓаните беа преокупирани со криминалот на Грујо.

Веќе најмалку една година, ја гледаат само сегашната власт и бараат резултати од неа. Најмалку една година, секое споменување на ДПМНЕ од ваша страна, без оглед што е во негативен контекст, оди на ваша штета, а во нивна корист.

Се виде од претседателските избори. Со овој тренд, во 2020-та ќе ни се случи 2006-та: ДПМНЕ нема да освои спектакуларно многу гласови, ама вие ќе имате катастрофално малку.

(ФБ статус на авторот)
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...