Предупредувам, рекетарите сакаат да ги злоупотребат ОЈО и ЗНМ за да ме замолчат – тоа нема да им успее!

Откаки не успеа со клеветнички напади преку парапорталите, рекетарската банда се обидува да ме замолчи преку ОЈО и ЗНМ - нема да им успее, приказните ќе продолжат!Секој нормален човек (новинар, политичар или било кој друг) што ќе се обиде со јавен исказ моите приказни и мене да нѐ доведе во врска со конкретни медиуми или личности, ќе се соочи со тужба за клевета. Предупредувам остро, да нема непотребни истрчувања!

9589

Откако не успеаја да ме замолчат со клеветнички напади преку неколку наши парапортали, рекетарите поврзани со еден наш медиум ги повикуваат на помош Основното јавно обинителство и Здружението на новинарите на Македонија, тврдејќи дека мојот серијал за рекетарската багра бил, всушност, рекетирање?!

Да потсетам и да прецизирам. Во ниту еден од моите написи за нашите фиктивни јунаци Коки, Кики и компанија, не се спомнува конкретен медиум. Сите имиња на личностите се измислени. Сите себепрепознавања се надвор од мојата одговорност. Тоа е позната литерарна постапка, кога се пишува за вистински настани, но со измислени ликови.

Моите приказни, де јуре, се фикција. Засега. Ако истражните органи решат да ја утврдат вистината, можно е тоа да се промени. Но, за тоа – потоа.

Секој нормален човек (новинар, политичар или било кој друг) што ќе се обиде со јавен исказ моите приказни и мене да нѐ доведе во врска со конкретни медиуми или личности, ќе се соочи со тужба за клевета. Предупредувам остро, да нема непотребни истрчувања!

Се разбира, рекетарската багра тоа го знае и затоа ангажира еден ненормален лик, за кого знае дека нема да биде тужен од моја страна, бидејќи секогаш може да се вади на лудило. А и тој се плаши, не е до толку луд, па ја копира мојата постапка – клевети, но избегнува да го спомне моето име, во страв дека ќе се соочи со тужба. Всушност, не е тој толку умен да смисли нешто такво, туку рекетарскиот штаб што стои зад него.

Во моите приказни, за кои тврдам дека се верен одраз на она што се случува во реалноста, нема да најдете никакви барања. Многу добро се знае дека јас од никого не сум добил ништо како награда за тие приказни (пари, привилегии и слично), ниту од било кого побарувам нешто. Никому не се заканувам, никого не уценувам. Никој ништо не ми должи, никому ништо не должам. Ниту станува збор, ниту може да стане збор за рекет, или за било какво друго казниво дело, сторено од моја страна.

Да, секако, и јас го повикувам ОЈО да реагира. Очекувам моите написи – досегашните три и оние што допрва ќе уследат! – да бидат третирани како допрен глас. И да се истражува дали во оваа земја на дело е мега-рекет. Јас мислам дека обвинителите веќе имаат доволно сознанија за да отворат сериозна истрага за тоа. Две јавни личности досега јавно говореа и сведочеа на таа тема.

Од ЗНМ и од другите новимнарски здруженија, јас очекувам само поддршка. Свесен сум дека мојата новинарска (литерарна) постапка е нестандардна, но со неа не е прекршен ниту еден закон, а ниту Кодексот на новинарите на Македонија. Мора да биде така, за да се заштитам од опасноста да се впуштам во кривоклетство и лажно пријавување. Но, моите приказни укажуваат на големи матни зделки и таа работа треба да се расчисти.

Патем речено, поради моите написи сум изложен и на суптилни притисоци и закани, па предупредувам и на внимание на мојата лична безбедност.

На моите извори им порачувам да бидат спокојни, бидејќи нема да ги оддадам. Напротив, од разни страни постојано добивам нови и нови сознанија, кои потоа ги преточувам во елементи на моите приказни. А тие, приказните, ќе продолжат. Бидејќи борбата против корупцијата мора да продолжи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...