Руската Федерација ја признава вашата земја под нејзиното уставно име, Република Северна Македонија, потврди Чижов

566
Амбасадорот на Руската Федерација при Европската Унија, Владимир Чижов, на редовната годишна прес-конференција во Брисел денеска порача дека неговата земја ја признава нашата под нејзиното уставно име, Република Северна Македонија. 

Во текот на процесот на гласање и ратификација на Преспанскиот договор,  редовно истакнуваше несогласувања со начинот на кој се водеше процесот, но денеска Москва недвосмислено го признава новото уставно име на државата, потврди Чижов за МИА.

Во однос на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на кој ќе се одлучува за почеток на преговори со Македонија, рускиот амбасадор потсети дека Москва не е против процесот на проширување на ЕУ, “сѐ додека тој не ги попречува постоечките односи помеѓу ЕУ и Русија или помеѓу Русија и земјите кандидати“, додека пак Русија останува отворено против процесот на проширување на НАТО Алијансата.

На годишната прес-конференција, амбасадорот Владимир Чижов, оцени дека односите помеѓу Русија и ЕУ не се во најдобра форма и покрај тоа што двата блока имаат значајни економски и трговски врски. ЕУ е првиот трговски партнер на Русија, додека Русија е четвртиот по ред за ЕУ.

-Има разочарување што односите ЕУ-Русија се абнормални, оваа комплексна но импресивна архитектура на соработка е замрзната, или за да се изразам подипломатски, седи неискористена, откако ЕУ донесе одлуки врз основа на измислени поводи, изјави Чижов.

Москва се надева дека со новиот состав на Европскиот Парламент, и потоа на Европската Комисија, по ЕУ изборите, двете страни ќе можат да го возобноват дијалогот, рече рускиот амбасадор, и истакна дека бројни земји членки на Унијата се желни за тој дијалог.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...