Владата на САД верува дека независното судство претставува камен-темелник на современата демократија, порача американскиот амбасадор Џес Бејли на одбележувањето на Денот на правосудството во Скопје.
– И од вас зависи дали сето тоа ќе се реазлизира во Македонија. Граѓаните имаат огромни очекувања, сакаат силно судство кое ќе обезбеди фер и праведно судење и ќе побара одговорност од виновниците. Да ги поддржиме судиите кои ќе се спротивстават на притисоците однадвор и ќе постапуваат кон сите еднакво според законот и нема да подлежат на притисоци од политиката. Ќе има пречки на овој пат, дури и во САД има луѓе што вршат опструкција на правдата, но судиите се тие кои ќе покажат компетенција и ќе ја стекнат довербата кај граѓаните – порача Бејли.