СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.В.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на 2017 и 2018 година пријавениот, како претседател на комисија за процена и утврдување на висина на штета настаната од природни непогоди и други несреќи, во 24 предмети за обештетување од земјотресите во 2017 година, без приложена целокупна документација во предметите, утврдил значително повисоки суми од проценатата штета, со што предизвикал штета од 1.203.054 денари на буџетот на општина Охрид.
Охриѓанец проценувал повисоки отштети од земјотресот за над милион денари
loading...