Одлуката за казнување на убиецот на Алмир Алиу, како случаен убиец а не како убиец со умисла, за Движењето Беса е уште еден доказ за тоа што неколку пати сме го повториле, дека кога станува збор за правдата што треба да им следи на Албанците, всушност нема никаква промена, реагира Беса на Африм Гаши.
– Додека Албанците, како во познатите монтирани случаи и кога нема основа се осудуваат со драконски казни и доживотен затвор, кога треба да му се суди на убиецот на еден Албанец за убиство со умисла, ова не се случува. Како Албанците да не се луѓе од крв и месо, како и Македонците и како крвта на еден Албанец да вреди помалку од таа на еден Македонец. Денешната одлука сериозно е штетна за меѓуетничката доверба и довербата кон институциите во Македонија, за што сме сериозно загрижени – велат од Беса.
Според Беса, по ова, паѓаат сите маски за правна држава без етничко и политичко влијание, а не треба да се заборави дека тие кои гласаа за Јавниот обвинител не се фантазми, туку се пратеници на партиите на власт – Албанци и Македонци, кои дозволуваат и помагаат да продолжи дискриминацијата кон Албанците. Алмир Алиу е најточната метафора на оваа состојба.