Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага за обид за убиство за настан што се случи на 13 јуни кога по вербална расправија, еден маж заврши со рани од нож.
„Осомничениот на 13 јуни, пред сопствениот дом, се обидел да лиши од живот едно лице. Имено, оштетениот заедно со уште едно лице пристигнале пред домот на осомничениот и започнале вербална расправија со него. Осомничениот, кој најпрвин се наоѓал на балконот од куќата, излегол надвор и наеднаш му задал удар со нож на оштетениот во пределот на вратот, нанесувајќи му тешка повреда со конкретна опасност по животот. Тој бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде му била констатирана повреда на повеќе крвни садови и на еден нерв во вратот“, соопштија од обвинителството.
На осомничениот му е определен притвор од 30 дена.