Федералната министерка за туризам Едита Ѓапо денеска во Сараево со началничката на Дрвар, Душица Руниќ потпишала договор за реализација на проектот за санација на Титовата пештера.
– Заштитата и зачувувањето на овој комплекс е од посебно значење не само за општината Дрвар туку и за целата земја. Тоа е извонреден спој на природно богатство и историски споменик кој сведочи за борбата на народот на Босна и Херцеговина против фашизмот – вели Ѓапо.
До последната војна, Титовата пештера и комплексот „25 мај“ годишно ги посетувале и до 200. 000 туристи. Во поранешна Југославија пештерата беше обавезен дел од школските излети и екскурзии.
Фото: Википедија