Судот сакајќи да воспостави „праведност“, по вторпат го уби малиот Алмир, давајќи му минимална казна на убиецот Бобан Илиќ како и осудувајќи го и семејството на малиот Алмир, реагира Брса на Билал Касами, по одлуката на судот Бобан Илиќ да добие шест години затвор, а таткото на Алмир, Сеад Алиу е осуден на шестмесечна условна казна.
– Загриженоста што постојано ја укажувавме од преквалификацијата на предметот до ова скандалозно судење, докажува дека судството во Македонија сѐ уште е селективно, непрофесионално и се суди според етничка припадност- Велат од Беса.
Партијата бара јавниот обвинител Љубомир Јовески, од морални причини да поднесе оставка од функцијата, а од Републичкиот судски совет бара да преземеме дејствие против судијата кој ја донел оваа „скандалозна“ одлука.