Атлетико подготвен да го урне клупскиот рекорд за трансфер на Феликс

Се тврди дека парите за Феликс ќе бидат распределени од продажбата на напаѓачот Антоан Гризман.

198

Фудбалерот од средниот ред на Бенфика, Жоао Феликс, може да ја продолжи кариерата во Атлетико, а за негов ангажман „јорганџиите“ се подготвени да ја плати најголемата сума во клупската историја.

Атлетико е подготвен да издвои 120 милиони евра за трансфер на 19-годишниот Португалец.

Во моментов, најскапиот трансфер во Атлетико е на Томас Лемар за кого се платени 70 милиони евра.

Се тврди дека парите за Феликс ќе бидат распределени од продажбата на напаѓачот Антоан Гризман.

Во сезоната 2018/19, Жоао Феликс настапи на 43 натпревари во сите натпреварувања, постигна 20 гола и оствари 11 асистенции.

Фото: EPA/FERNANDO VELUDO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...