Израел именуваше населба по Трамп

52
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Израелската Влада инаугурираше нова населба на анектираната Голанска Висорамнина именувана по американскиот претседател Доналд Трамп.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху ја откри плочата со името на населбата „Рамат Трамп“ или „Висорамнина Трамп“ на хебрејски јазик.

Церемонијата е одржана на посебна седница на Владата на таа локација, на која присуствуваа министри, претставници од регионалниот совет на Голанска Висорамнина и амбасадорот на САД, Давид Фриедман.

– Оваа е историски ден. Ќе воспоставиме нова населба на Голанска Висорамнина што со години не сме го направиле и ќе му оддадеме почест на големиот пријател на државата Израел, претседателот Доналд Трамп. Израел се одлучи на таков чекор откако Трамп во март го призна израелскиот суверенитет над Голанска Висорамнина, која своевремено беше сириска територија – изјави Нетанјаху.

Додека амбасадорот Фриедман изјави дека Голанска Висорамнина „најверојатно е важен дел од територијата на Израел“.

– Никогаш и никаде во светот не се случило комплетна локална заедница да биде именувана по актуелен претседател – истакна Фриедман.

Израел ја освои Голанска Висорамнина од Сирија за време на шестдневната војна во 1967 година, а во 1981 година ја анектира областа. Во резолуцијата 497 на Советот на безбедност на Обединети нации, донесена по анексијата, Израел се означува како „окупаторска сила“, а обидите на Тел Авив „да ги наметне своите закони, јурисдикција и администрација на окупираната сириска Голанска Висорамнина е безначаен и без меѓународен правен ефект“.

Шестдневната војна позната и како Арапско-израелска војна се водеше помеѓу Израел од една страна и Египет, Јордан и Сирија од страна. На крајот од војната Израел под своја контрола ги стави Појасот Газа, Синајскиот Полуостров, Западен Брег и Голанска Висорамнина.

Силите на ОН го надгледуваат подрачјето долж линијата за прекин на огнот од 1974 година.

ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...