Ганиу: Тие што сами си ги срушија дивите тераси во чаршија нема да се казнуваат

811
Во рамките на акцијата која Општина Чаир ја покрена за отстранување на терасите поставени без дозвола во Старата Скопска Чаршија, градоначалникот Висар Ганиу јавно им се заблагодари на сите бизнисмени кои го испочитуваа законот и сами ги отстранија терасите за кои не поседуваа дозвола.
„Кон нив нема да биде изречени предвидените законски казни. Иницираната акција од страна на Општина Чаир ќе продолжи да се реализира и Ганиу им гарантира на граѓаните дека никој нема да биде поштеден и над законот. Рокот за реакција од страна на самите сопственици е 5 работни дена. По овој рок, инспекторите и полициските службеници ќе ги отстранат незаконски поставените тераси и за истите ќе бидат изречени соодветните казни“, најавуваат од општината.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...