Елитната населба Јака плива во кал и нема канализација, реагираат жителите (ФОТО)

3882

Седум години откако беше населбата Јака во Општина Илинден беше промовирана како елитна населба по европски стандарди, во ова место нема ниту метар асфалт, ниту една бандера, ниту приклучок за вода, реагираат жителите на населбата. Тие се револтирани од ветувањето на властите и со отворено писмо реагираат до јавноста, а претставка поднеле и до Народниот прабобранител.

Станува збор за околу 350 сопственици на плацеви или куќи, или како што велат самите заедно со членовите на нивните семејства бројат вкупно 1.300 луше.

„По купувањето на плацевите, според редовните законски обврски ги реализиравме и сите други финансиски обврски кон општината Илинден, по што според нашите неофицијални сознанија од овој проект општината Илинден инкасираше повеќе од 1.200.000 eвра. Од овие високи финансиски износи, општината Илинден во населбата Јака вложи незначителни средства – трасираше и тампонираше неколку улици и инсталираше водовод (без одводна канализација) во неколку куќи во населбата. Во 21 век, ние бевме принудени куќите да ги градиме без пристапен пат – градежните материјали на раце ги носевме до куќите, без вода – вода носевме во резервоари и без електрична енергија – за што купувавме или изнајмувавме агрегати“, велат жителите во нивното отворено писмо.

Седум години поцона, велат, властите истрасирале и истампонирале уште неколку улици (во меѓувреме потполно се оштетија предходно тампонираните улици), ЕВН во своја надлежност инсталираше електрична енергија, а општината инсталираше водоводна мрежа во ограничен број на куќи.

„Општинската власт воопшто не започна со инсталација на одводна мрежа, не е поставен ниту еден метар асфалт, уште многу улици не се ниту истрасирани, немаат поставено ниту една светилка за надворешно осветлување- иако истото редовно го плаќаме, не е означена ниту една улица во населбата иако во истата во моментов живеат околу триесетина семејства, а повеќе од стотина други семејства не можат да се вселат во своите вселиви куќи, бидејќи ги немаат основните услови за живот“, реагираат жителите.

Велат, многу од нив земале и кредити, но и ден денеска не можат да влезат во нов дом, па живеат под кирии или со родители и роднини.

„Формиравме и неофицијален одбор од наши претставници, безброј пати се организиравме, разговаравме со градоначалникот на општината и други претставници на општинската власт, но инфраструктурните проблеми и натаму остануваат нерешени. Во последниве неколку месеци  од оваа 2019 година, постојано се обидуваме да се состанеме со градоначалникот, но истиот постојано не избегнува.Длабоко сме разочарани, се чувствуваме излажани од страна на општинските власти,  не можеме да го сватиме ваквиот дискриминаторски однос кон нас, нивната непрофесионалност и ароганција кон сопствените граѓани“, велат жителите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...