Ниш: Падна гумена играчница и „зароби“ деца

Играчницата на надувување во еден момент се урна преку децата. Ги извлекувавме како знаевме и умеевме. Мојот сопруг успеа нашето дете да го извлече последно. Гумата која падна преку децата е претешка и внатре нема кислород. Сите бевме исплашени, а некои луѓе почнаа да врескаат - изјави мајката.

334

Група деца вчера биле кратко затрупани под голема гумена играчница во паркот „Чаир“ во Ниш, откако откажала пумпата за надувување со воздух.

Мајка на едно четиригодишно момче изјави дека децата имале голема среќа што никој не е повреден во инцидентот, но сите биле сериозно преплашени.

– Играчницата на надувување во еден момент се урна преку децата. Ги извлекувавме како знаевме и умеевме. Мојот сопруг успеа нашето дете да го извлече последно. Гумата која падна преку децата е претешка и внатре нема кислород. Сите бевме исплашени, а некои луѓе почнаа да врескаат – изјави мајката.

Според неа, човекот кој наплатува билети за влез во играчницата истакнал дека пумпата откажала и „оти тоа се случува“. Потоа тој повторно ја напумпал играчницата и продолжил да работи како ништо да не се случило.

Родителите најавија дека вчерашниот инцидент ќе го пријават до надлежните служби бидејќи била загрозена безбедноста на децата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...