Хрватска ќе гради 121 км автопат за велосипеди

125

Хрватска планира во наредните неколку години да направи автопат за велосипеди во должина од 121 километар покрај реката Сава.

Стазата ќе биде изградена во рамки на инфраструктурен проект со кој се промовира одржливата урбана мобилност, локалната убавина и активниот туризам.

Со велосипед ќе може да се вози покрај Сава, од границата со Словенија, па се до Иваниќ Град.

Изградбата е поделена во девет фази. Вредноста на проектот е 16,3 милиони евра, од кои 85 отсто финансира Европската унија, а 15 отсто заеднички плаќаат Град Загреб и Загребската жупанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...