Белград и Приштина ќе добијат насоки од Запад за Косово

155

Белград и Приштина наскоро треба да добијат насоки од западните земји за наоѓање конечно решение за косовското прашање, но тие ќе остават простор за евентуални „амандмани“ од двете страни, пишува „Вечерње новости“.

Овој начин на работа, според мислењето на западните лидери, треба да го забрза затворањето на косовското прашање.

Според весникот, на самитот во Париз, доколку дојде до него, може да се обелодени што се наоѓа меѓу „препораките“.

„Новости“ потсетува дека во 2005 година Контакт групата востанови три основни принципи за преговори за статусот на Косово: да нема поделба на Косово, да нема враќање на состојбата од пред 1999 година и да нема спојување на Косово на соседните држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...