Реконструкција на Владата, а не одлука за предвремени парламентарни избори. Продолжување на политиката на евроатлантската интеграција е заклучокот од дебатата во рамки на деветтата седницата на Централниот одбор на СДСМ што вечерва се одржува во Охрид.
Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев во изјавата за медиумите појасни дека политиката на градење перцепција пред јавноста биле заради заокружување, бетонирање на извесната евроинтеграциска иднина на земјата.
– Покрај тоа што одлично се движат процесите на ратификациите за нашето членство во НАТО, втората цел е конечно после 15 години да добиеме датум за почнување на преговорите за членство во ЕУ. Уверувањата ги добивме од земјите-членки, Европскиот совет ќе донесе заклучок, ќе има изјави на 20-21 јуни, а секако Бундестагот ќе ја направи верификацијата за извештајот во септември, и конечно добивањето на датумот ќе следи во октомври – рече лидерот на СДСМ.
Тој истакна дека доколку пролонгирањето на извештајот и самиот датум за преговори е заради констелацијата поради изборите за Европарламентот и доколку тоа е причината за пролонгирањето за одлуката за датум за преговори, важно е конечно да биде донесена одлуката, па нека биде и во октомври.
– Два или три месеци не се толку важни. Драго ми е што и Бундестагот преку пратениците тоа го потврди. Сето тоа не става во позиција да го скратиме времето на кои било политички промени и да донесеме одлука која што е најцелисходна за државата и за граѓаните, а тоа е да завршат проимените и Владата да продолжи со целиот капацитет и да се посвети на реформите, но и на економските перспективи како приоритет за оваа година – истакна Заев.
ФОТО: МИА