Километарски колони на Богородица, се чека најмалку три часа на двете граници (ФОТО)

1751

Километарски колони се создадени вечерва на граничниот премин Богородица. Според наши сограѓани кои се враќаат од Грција, се чека најмалку еден час на граничниот премин, а севкупно околу три часа на двете граници.

Соговорниците на Плусинфо велат дека илјадници граѓани од нашата држава продолжениот викенд го искористиле за посета на јужниот сосед.

Вообичаено, поради близината на Егејско море, тоа е најчест избор за одмор и рекреација на граѓаните од Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...