Амбасадори садеа дрвца и ја чистеа околината на Преспа

403

Денес на манифестација „Запознај ја Преспа“, се приклучија амасадорот на Франција, Кристијан Тимоние и амбасадорот на Германија, Томас Герберих. Двајцата активно се вклучија во еко акцијата која се одржа во рамки на манифестација и заедно со актвистите садеа дрва и ја чистеа околината на Отешево.

Германскиот амбасадор Томас Герберих изрази задоволство што токму денеска, кога се одбележува годишнината од Преспанскиот договор, се наоѓа во Преспа, на дводневниот настан „Meet Prespa“.

– Прва важна работа што сме тука е одбележувањето на годишнината од Преспанскиот договор, втора е тоа што сме тука заедно со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. Нашите народи пред сто години војуваа, а денес сме пријатели – истакна Герберих.

Францускиот амбасадор Тимоние посочи дека е потребно заедништво и соработка повеќе од било кога.

– Ова е ден за надеж и за иднината на Европа. Треба да работиме заедно – рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Денеска во Отешево се засадија седум дрвца во рамки на настанот „Запознај ја Преспа”. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, која активно учествува во организација на манифестацијата, рече дека овој настан е со цел да ги зближи нашата држава, Албанија и Грција.

– Засадивме седум дрвца на крајбрежјето на Преспанското Езеро во Отешево се со цел да го покажеме заедништвото и сето она што го направивме во изминатиот период – истакна Каевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...