Стефан и Елена од познатата американска серија „Вампирски дневници“, надвор од снимањата, никогаш не се сложувале.
– Пол и јас не се сложувавме во почетокот на снимањето. Го почитував Пол Весли, но не ми се допаѓаше – рече Нина Добрев во епизода од „Directionally Challenged“.
Медиумски водителки се нејзините колешки од серијата, Кандис Кинг и Кајла Евел.
– Се сеќавам како сите ми приоѓаа по емитувањето на серијата и ми велеа „Дали ти и Пол сте во врска во реалноста?“. Сите мислеа дека имаме добра хемија. Сега разбирам дека е тенка границата меѓу љубовта и омразата, а ние толку многу не се поднесувавме, што другите мислеле дека сме вљубени. Навистина не се согласувавме можеби првите пет месеци од снимањето – рече Добрев.
Но, таа додаде дека од сите нејзини поранешни колеги, сега најчесто се гледа со Весли.
– Мислам дека сме најблиски, многу добри пријатели сме и ја обожавам неговата сопруга. Интересно е колку многу се смени од тогаш, никогаш немаше ни да помислам дека тој би бил еден од моите најдобри пријатели – рече Добрев.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб
ФОТО 2: EPA / BRUNO BEBERT