Загинаа две туристки во невреме во Швајцарија и Франција

240

Најмалку две жени загинаа во невремето што денеска зафати делови на Швајцарија и Франција.

Како што соопштија швајцарските власти, една туристка се удавила во водите на Женевското Езеро, кога поради силните бранови се превртел чамецот во кој таа се наоѓала.

Во Франција, пак, туристка загина кога дрво откорнато од силниот ветер, паднало врз камп приколка во која таа престојувала.

Невремето било проследено со пороен дожд и град и удари на ветер што на места достигнувале и до 122 километри на час.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...