Жена била тешко повредена откако била удрена од мотоцикл вчера во 22.55 часот на булеварот Партизански Одреди во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Мотоцикл, управуван од непознат возач, удрил во пешакот Л.С.(83) од Скопје, по што го напуштил местото. Од ударот Л.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на лекување во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – велат оттаму.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.