Дваесет и девет возачи напиени седнале зад волан, четворица одбиле проверка за присуство на алкохол

243

Во периодот од 00.00 до 05.00 часот утрово, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол. Притоа, кај 29 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека четири возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Овие 33 возачи се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и поднесени се мандатни платни налози. Откриени се и 85 останати прекршоци за кои се издадени 41 мандатни платни налози и 44 прекршочни платни налози. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, при што се санкционирани 125 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози – наведуваат од МВР.

Во периодот од 23.00 часот до 05.00 часот утрово, спроведена била и акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје.

– Откриени се осум возачи кои сториле прекршоци. Откриени се и 82 останати прекршоци за кои се издадени мандатни и прекршочни платни налози – велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...