Кавадарчанец на 24-годишна возраст бил тешко повреден рано утрово во сообраќајна несреќа блузу кавадаречкото село Ваташа, кај Спомен паркот „12 младинци” во месноста Моклиште.
– Сообраќајната незгода се случила утринава во 1.30 часот на регионалниот пат Кавадарци-Мушов гроб, помеѓу возило марка „киа” со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 24-годишен кавадарчанец и моторцикл „сузуки” со кавадаречки ознаки управуван од 24-годишникот кој бил тешко повреден – за Плусинфо рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Тешко повредениот моторциклистот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Направен бил увид на лице место.