Министерството за внатрешни работи од понеделник ќе почне да ги заменува регистарски таблички со ознаката NMK. Замената на старите регистарски таблички со новите ќе се врши постепено при регистрација на автомобилите.
По официјализирањето на договорот за името, возилата што излегуваа од земјава, на граничните премини добиваа бесплатна налепница со новата кратенка.
Се очекува утре МВР да излезе со детали околу прашањето што ги интересира возачите.