Aвстриската канцеларка Бирлајн очекува скоро земјава да почне преговори со ЕУ

Австриската канцеларка на премиерот Заев му честиташе за сите досегашни политички чекори кои ги презел и кои, како што рече, придонеле да нема никакви пречки за отпочнување преговорите со Унијата.

108

Очекување дека многу скоро Австрија ќе ја поздравува Северна Македонија како членка на Европската унија изрази денеска австриската канцеларка Бригите Бирлајн на средбата со премиерот Зоран Заев во австриската област Вахау.

Бирлајн, како што соопшти владината прес-служба, го поздравила последниот позитивен извештај на Европската комисија за земјава и повторила дека нејзината земја и натаму ќе остане верен пријател и поддржувач на Северна Македонија.

Австриската канцеларка на премиерот Заев му честиташе за сите досегашни политички чекори кои ги презел и кои, како што рече, придонеле да нема никакви пречки за отпочнување преговорите со Унијата.

Заев и Бирлајн, како што соопшти владината прес-служба на денешната средба се согласиле дека Австрија е и еден од најголемите инвеститори во Северна Македонија, што претставува показател и за цврсто воспоставените економски односи меѓу двете земји.

Првата средба со новата канцеларка на Австрија Заев ја искористи да ја покани Бирлајн да ја посети Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...