Европа треба да остане најсексипилната девојка во светот, изјави покрај другото премиерот Зоран Заев во своето обраќање на форумот Европа – Вахау, во Австрија.
Заев во своето обраќање рече дека како земја сакаме да ги почнеме преговорите, односно да продолжиме со мотивацијата на ЕУ и да ја докажеме нашата земја.
– Во минатото Балканот беше темпирана бомба, но сега многу нешта се сменија. Сѐ повеќе сме Европјани. Преку овие промени, многу нешто се случија, само поради една причина, која ја спомна комесарот Хан, односно поради силата на ЕУ. Таа нѐ привлекува, нѐ води и нѐ мотивира. Европа треба да остане најсексапилна девојка во светот, која ќе нѐ мотивира да продолжиме во овој правец – рече Заев.
На тоа доби коментар дека го следи претседателот на САД Доналд Трамп.
-Да – одговори Заев со насмевка, што беше проследено со смеа од публиката.
изјавата е на 7,58 минута од видеото