Заев на средба со Хан: Добивањето датум за преговори е особено важно за земјава

Добивањето датум за граѓаните ќе биде потврда дека се што направивме во изминативе две години вредело, истакна Заев на денешната средба со еврокомесарот Хан.

144

Потврда за заложбата земјава годинава да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија беше изразена на денешната средба на премиерот Зоран Заев со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, која се одржа во австриската област Вахау.

Заев на средбата, која како што соопшти владината прес-служба, минала во исклучително позитивна атмосфера, истакна дека добивањето датум за преговори е особено важно за земјава, бидејќи ќе биде дополнителна мотивација да продолжи со спроведување на реформите во сите области, со забрзано темпо.

-Добивањето датум за граѓаните ќе биде потврда дека се што направивме во изминативе две години вредело – истакна Заев на денешната средба со еврокомесарот Хан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...