Момче се повреди откако скокна во водите на Матка

Полицијата соопшти дека Ч.Н.(19) од Скопје вчера е донесен во  Ургентниот центар со тешки телесни повреди.

403

Деветнаесегодишно момче со тешки пвореди е пренесено во болница, откако удрило во подводна карпа во Езеро Матка.

Полицијата соопшти дека Ч.Н.(19) од Скопје вчера е донесен во  Ургентниот центар со тешки телесни повреди.

Ч.Н., кој бил со друштво на Матка, од висина скокнал во езерото и како што е пријавено, удрил во карпа под водата и кога испливал на површина обилно крварел од главата.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...